Приштинските медиуми не останаа имуни на успехот на Србија во Вашингтон, каде е потпишан договор со кој Србија добива многу повеќе од Косово.

Така Коха објави карикатура на која е нацртан претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Во рацете на Вучиќ се наоѓаат мноштво подароци, додека Хоти на Косово се враќа со две пакетчиња, видно незадоволен.

Изгледа дека приштинските медиуми го признаа поразот на косовската делегација, додека Србија во нивните очи изгледа стана победник.

Вчера реагираше и екс премиерот и лидер на движењето Самоопределување, кон рече дека иако косовската делегација отишла со ветување за признавање, сепак победникот е Србија која не само што успеала да ја отстрани таа точка туку и добила се што побарала.

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.domamk.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...