Со осигурувањето од автоодговорност осигуреникот (сопственикот на возило) ја осигурува законската одговорност за причинување на штети на трети лица со употреба на сопствено возило. Ова осигурување ги покрива штетите во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети
Во сообраќајна незгода може да дојде до повреда на возачот, како и на патниците.
Осигурете ги возачот и сопатниците од незгоди коишто настануваат со моторни и други возила: смрт на осигуреникот поради незгода, траен инвалидитет како последица од незгода, дневен надомест и трошоци за лекување.
Одговорен возач е посветен на својата безбедност како и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преку грижа за своето возило и одговорно однесување при управување со возилото, се минимизираат ризиците за настанување несакан настан.
Каско осигурувањето за сите видови моторни возила, овозможува осигурително покритие од следниве ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, удар на гром, експлозија, град, кражба и разбојништво, злонамерни постапки и обест на трети лица, оштетување на тапацир при давање помош на лица повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води.

Доколку имате било какви прашања како функционира и кој вид на домашно осигурување е најдобро за Вас контактирајте го нашиот агент за осигурување и финанскиски советник Иљчо Китанов.
Телефон за контакт: +41 78 818 55 55