Од 1990 година, годишната наплата на казните во Швајцарија се зголеми за четири пати.

На крајот на 2019 година (последниот период на известување), во Швајцарија се платени казни во вредност од 936 милиони франци, покажуваат податоците на Федералната канцеларија за финансии. Околу 58% од оваа сума отпаѓа на патните казни.

Од 1990 до 2019 година, вкупниот износ на наплатените казни се зголеми за речиси 709 милиони, од 227 милиони на 936 милиони Сообраќајните прекршоци растат најбрзо.

Претходно се дозна дека во Швајцарија се изречени над 14.000 казни за прекршување на КОВИД. Најмногу прекршители се евидентирани во кантонот Женева, а најмалку во кантонот Ури.

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.domamk.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...